СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА 362 682, ПЕНДАРОВСКИ 180 306 ГЛАСА – ПРЕБРОЈАНИТЕ 99,85 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ…

По пребројаните 99,85 отсто од избирачите кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, додека кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ е трет

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и натаму води со двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) по првиот круг на претседателските избори.

По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, а Стево Пендаровски 180.306 гласа.

По нив следува кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи кој од досега пребројаните избирачи има 120 903 гласа.

 


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

Related Articles

Временска прогноза