ИНФРАСТРУКТУРА ЗА СИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИНВЕСТИТОРИ, КАКО И ДЕБЛОКИРАЊЕ НА СИТЕ БЛОКИРАНИ ЛОКАЦИИ

Обезбедување на нови работни места и вработување на граѓаните – обезбедување на инфраструктура за сите потенцијални инвеститори, како и деблокирање на сите блокирани локации од постојани индустриски објекти се дел од целите во проектот „Развиена индустрија-Развиен град“. 

Исто така ќе спроведуваме едукација и прекфалификација на занимања за потребите на индустрија и воведување на работна пракса за сите средношколци.

Вашиот глас почитувани сограѓани го трасираше новиот пат по кој Радовиш и сите Ние ќе се движиме во иднина. Тоа е патот на просперитетот, изградба на објекти за вработување, инфраструктура, културно-забавен живот, спорт и рекреација.

Радовишани и правото да сами одлучуваат за својата иднина.  Со давањето на Вашиот глас на 31 октомври не задолжувате сите Нас избраните советници и мене лично, да ја продолжиме борбата, и со пожртвувана и несебична работа ги исполниме Вашите очекувања информираше за проектите од програмата кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза