ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 – последен ден од кампањата за првиот круг…


На вчерашниот претпоследен ден од кампањата за претседателските избори закажани за во среда, кандидатите ги испратија пораките пред првиот круг од изборите.

На граѓански собир во Скопје, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека од независноста на земјата досега, тие се најстабилни бидејќи, како што рече, оваа политичка гарнитура знае дека освен евро-атлантските интеграции, соживотот е еден од двата клучни фактори за напредок на земјата.

Кандидатката од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова порача дека 24 април некако доаѓа како предигра бидејќи тогаш работите ќе се разјаснат. А се разбира, јас мислам дека на 8 мај ќе биде запечатена една тешка, грда фаза од владеењето и ќе започне една нова реформска фаза.

Претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи, порача дека постојат реални шанси да помине во вториот круг како кандидат Албанец, бидејќи како што рече, тој е кандидатна девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми.

Кандидатот за претседател на „Левица“ Билјана Ванковска истакна дека во нејзината програма екологијата игра многу важна улога. Таа рече дека и во однос на соседните земји, Македонија постојано молчи, заради добрососедство и на наша штета.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата ВРЕДИ Арбен Таравари продолжи со средбите со албанските иселеници. Од Цирих, Швајцарија, Таравари рече дека Македонија се наоѓа пред многу важна крстосница и побара поддршка од дијаспората како клучен фактор за позитивни промени.

Кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски пред жителите на Карпош ја претстави својата програма. На граѓаните им порача дека ако му дадат шанса за претседател, многупати потоа ќе сакаат повторно да го гласаат.

Претседателскиот кандидат на „Знам“ денеска имаше прошетка и средба со граѓаните на Радовиш низ центарот до општинскиот штаб на движењето Знам – За наша Македонија. Им порача дека доколку ја добие поддршката за претседателскиот мандат ќе биде претседател на сите граѓани подеднакво и ќе застане во нивна одбрана бидејќи токму од нив го црпи легитимитетот.

 


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 


Related Articles

Временска прогноза