ИСТОРИСКА ПРВА ПОБЕДА НА ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПЛАЧКОВИЦА

ЖФК Плачковица кој се натпреварува во Првата женска фудбалска лига, во саботата ја извојува првата победа од нивното постоење и натпреварување.

На стадионот во Раклиш беше одигран првенствениот натпревар со ЖФК Атлетико од Битола, и нашите девојки забележаа победа со резултат 3-2, полувреме 2-0. Стрелци за нашиот тим беа Ивона Стојкова еден погодок и Зорица Атанасова со два погодоци.

Архива фото: ЖФК Плачковица-ЖФК Љуботен


 

 

Related Articles

Временска прогноза