ДО 30 АВГУСТ – НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ ЌЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Собирање потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста.

Подносителот на листа определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет-страна објавува листа на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи. Трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сноси подносителот на листата. Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидат за градоначалник. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на општината.

Кога подносител на листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат во општината до 10 000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 10 001 до 30 000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 30 001 до 50 000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 50 001 до 100 000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината над 100 001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината и во градот Скопје најмалку 1000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на подрачјето на градот Скопје.

ОИК по потврдување, листите на кандидат/и ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати веднаш по потврдувањето на листите односно најдоцна на 18 септември.

Најдоцна на 23 септември ДИК на својата веб-страница, а ОИК во сите население места ќе ги огласи утврдените листи за градоначалници и за советници.

Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември на полноќ и трае до полноќ на 15 октомври.

На локалните избори годинава првпат за проверка на идентитетот на граѓаните ќе се применат систем и терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Германската компанија „Дермалог“ првите 250 терминали треба да ги испорача на 25 август. 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза