ПЕНДАРОВСКИ ДА КАЖЕ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА УСЛОВОТ НА ДУИ…

Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на државата да се бира во Собранието, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во собранието од наредните избори. Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг. Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот?, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Од Кабинетот на Пендаровски кратко одговорија дека Пендаровски се имал изјаснето на оваа тема.

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза