Вчера ТППЕ Радовиш на дојава интервенирала и упатила 3 возила и 6 пожарникари во Здравствен дом Радовиш каде што бил опожарен резервоарот со нафта.
По огромните напори на пожарникарите од ТППЕ Радовиш бил локализиран и изгаснат пожарот кој се претпоставува дека е настанат за време на работни активности што се работи на него.
Со оваа интервенција била избегната поголема несакана трагедија, причината и како е настанат пожарот треба да се утврди дополнително.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови