УЧЕНИЦИ ОД СОУ “КОСТА СУСИНОВ” УЧЕСТВУВАА ВО ПРОЕКТ ЕРАЗМУС ПЛУС ВО ВЕЛИКА ПЛАНА, СРБИЈА

Во периодот од 16 до 26 февруари 2024 година, група од 12 ученици од прва, втора и трета година, од СОУ “Коста Сусинов” од Радовиш, под менторство на проф. Јовица Илиќ, учествуваа во проект Еразмус Плус КА152 Мрежа за мобилност на млади.

Организатор и носител на проектот беше НВО “Свет реħи” од Велика Плана, Р. Србија, во партнерство со НВО “Пројект граѓанске демократске иницијативе” од Бели Манастир, Р.Хрватска, и НВО “Женска акција” од Радовиш.

Темата на проектот беше “Да го научиме јазикот на жирафите” односно младите луѓе да го спознаат и научат јазикот на ненасилната комуникација и мирољубиво решавање на конфликти. Земајќи го во предвид фактот дека и во нашата земја сé поголема е присутноста на врсничкото насилство, овие млади мисионери треба да ја пренесат идејата за емпатија на своите врсници во нашата земја.

Учениците од трите држави беа сместени во хотелот “Вир” во Велика Плана, кадешто секојдневно имаа работилници и обуки од лиценцирани едукатори од Р.Србија.

Учениците од СОУ “Коста Сусинов” од Радовиш се вратија во родниот град збогатени со едно плодно искуство и големо знаење од полето на културата и социјализацијата. Воедно донесоа позитивни емоции испреплетени со убави спомени за времето поминато таму и голема благодарност до домаќините проф. Јелена Бркиќ Златкова и НВО “Свет реħи” од Велика Плана, Р. Србија.

 

 

СОУ “Коста Сусинов”

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза