ФИЛИПЧЕ: ЌЕ МОРА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ГИ МЕНУВАМЕ РАБОТИТЕ ПРВИОТ ДЕН ПО ИЗБОРИТЕ

Резултатот од претседателските избори е под сите очекувања и тој претставува испит за секој од нас, секој партиски член.

Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче од вечерашниот митинг во Неготино.

Според носителот во Изборната единица 4, нема никаква дилема дека СДСМ е исправен пред најголемиот предизвик од неговото основање.

„Ќе имаме време за тоа да анализираме каде сме грешеле, и кој бил виновен за лошиот резултат. Ќе имаме време да ги менуваме работите и да ја градиме одново довербата кај граѓаните. Тоа мора да го започнеме првиот ден после изборите. Но, сега пред вториот круг, и на денот кога ќе се бираат пратеници, мора да се мобилизираме“, рече Филипче.

СДСМ е единствена партија која и покрај сите грешки, секогаш за водилка го има интересот и развојот на државата. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец, рече Филипче и додаде дека затоа СДСМ е потребен силен и достоинствен за да може да продолжи да ја промовира идејата за напредна и слободна држава.

„Свесни сме дека кај народот има разочараност, граѓаните се уморни чекајќи го клучот за Европа, дадовме многу, а ни се бара уште. Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси“, истакна Филипче во својот говор пред гласачите од Изборната единица 4.

Според Филипче, СДСМ има обврска да ја продолжи борбата и да ја задржи земјата на курсот на промените.

„Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, смета Филипче.

 

 

 

 



 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза