Изјава на САШКО ЈАНЧЕВ, носител на листата за пратеници на #Левица во ИЕ 4, во која рече:
,,Во Четвртата изборна единица се: Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија.
Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат сè, а да го бараат спасот некаде во странство.
Затоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од:
– Разбивање на зелената мафија на прекупци;
– Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи;
– Државни откупни центри;
– Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата;
– Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите;
– Аграрен максимум, односно забрана – малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште;
– Стимулирање задругарство…
Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство.”
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови